| |

„Процесот на евроинтеграција на С. Македонија е во интерес на сите граѓани“

Процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија е во интерес на сите граѓани, со максимално искористување на фондовите на ЕУ се обезбедуваат конкретни придобивки за народот, забрзан процес на реформи, кои се неопходни за напредување кон членство во Унијата, велат од СДСМ преку соопштение.

„Европската унија на крајот на јули годинава ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, а Македонија доби поддршка за четири инвестициски проекти во износ од 225,6 милиони евра.

Одобрени се средства за проектот за изградба на железница меѓу Северна Македонија и Бугарија во рамки на Коридорот 8, секција Крива Паланка – граница со Бугарија, за кој е доделен грант во износ од 149.2 милиони евра.

За проектот за набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица, е доделен грант од 1.6 милиони евра, додека грант од пет милиони евра доби проектот за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа

За проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје од ЕУ е доделен грант во висина од 69.8 милиони евра.

Ова се проекти во интерес на сите граѓани, за унапредување на инфраструктурата и забрзан развој на државата.

Откако, по 17 години чекање, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, континуираната и зголемената помош која Европската Унија ќе ја обезбеди во наредниот период, ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Слични Објави