|

Продолжува судењето за „Адитив“: обвиненија за милионски злоупотреби во ЕСМ

Судењето за предметот „Адитив“, во кој се опфатени злоупотреби со фиктивни тендери вредни милиони евра во државната компанија ЕСМ, продолжува денеска во судницата на КПУ Идризово.

Претходното рочиште беше закажано за 21 август, но беше одложено. Како што информираше Основниот кривичен суд Скопје, причината за одложувањето било одобрувањето на обвинителниот акт против Б.Н., кој претставува продолжение на истрагата, како и предлогот за спојување на обвиненијата.

– „Со оглед да обвинителниот акт со КОК ООА 47/25, кој претставува продолжение на истрагата за конкретниот предмет, беше одобрен и доставен до судечкиот совет во текот на денешниот ден, како што и информиравме во претходното соопштение, а со кој предлог обвинителството воедно има доставено и предлог за спојување на двете постапки, заради економичност и ефикасност на постапката, а како и не би се направиле непотребни трошоци за спровод на дел од обвинетите, потребно е време советот да се запознае со списите од предметот, како и произнесувањето на одбраната во однос на истото, и да одлучи по предлогот за спојување,“ се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.

Истрагата за „Адитив“ опфаќа над 30 лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери. Обвиненијата се однесуваат на злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.



Слични Објави