ПРОДОЛЖУВААТ АКЦИСКИТЕ КОНТРОЛИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ДИВИ ТРКИ НА МОТОЦИКЛИСТИ ВО СКОПЈЕ
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“ и „Втора Македонска бригада“.
Така, и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 22.30 часот на 10.05.2018 до 01.00 на 11.05.2018 година беа извршени контроли и притоа биле регистрирани 21 прекршок за кои се издадени 21 платен налог на прекршителите.
Двајца од учесниците немале лични документи и документи за мотоциклите и затоа биле приведени во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.
Како што МВР веќе информираше во текот на претходната две акции беа регистрирани 38 прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Скопје и во наредните денови ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.