| |

МИЦКОСКИ НА РАБОТНА ВЕЧЕРА СО МЕСИЌ: МАКЕДОНИЈА И ГРАЃАНИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ПОДОБРО И ПОВЕЌЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари работна вечера со поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ.

-На работната вечера со поранешниот Претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ разговаравме за предизвиците во регионот и потенцијалите за нивно надминување. Искуството е секогаш добредојдено во политиката. Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобро и повеќе. Нашата држава е нашиот дом, а мојот дом е мојот живот, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.



Слични Објави