Гробовите на речиси 400 бугарски војници уништени заради изградба на автопат кај Дреново, кавадаречко

//

Коските на речиси 400 бугарски војници, што загинале во Првата светска војна биле ексхумирани од две гробишта, поради изградба на автопат кај селото Дреново, во близина на градот Кавадарци во РС Македонија, јавува бугарскиот дневен весник Труд.

Двете бугарски воени гробишта се во реонот на селото Дреново, се наоѓаат на 1 км едно од друго и спаѓаат под теренот на автопатот. Во секое едно од гробиштата се закопани по речиси 200 бугарски војници и офицери. Таму има спомен обележја и две камени пирамиди за вечно сеќавање на бугарската држава, подигнати во 1916 година.

Бугарите погребани во тие гробишта загинале во периодот 1913-1915 година и се припадници на 8-та тунџанска пешадиска дивизија со центар во Стара Загора и Хасково.

Според претседателот на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, македонските власти не го известиле Министерството за одбрана во Софија за нивната намера да ги уништат коските на загинатите Бугари. Исто така, тие не ја известиле и Бугарската православна црква, за таа да ги изврши потребните ритуали и посмртните останки на војниците и офицерите да бидат преместени на друго место според православната традиција.



Според Стојанов во случајот се работи за кршење на Женевските конвеции, според кои секоја држава има право да има воени споменици и гробишта на територијата на странска држава, без оглед на причината за војната.

Во име на Фондацијата Македонија, Стојанов подготвува протестно писмо до властите во РСМ, бугарската амбасада во Скопје и Обединетите нации.

Претходна статија

Судири на Косово- има повредени Срби и косовски полицајци

Следна статија

Несреќа во рудникот Бучим кај Радовиш – две лица загина

Најново од Вести