|

Судири на Косово- има повредени Срби и косовски полицајци

Косовската специјална полиција РОС упадна на повеќе локации на северот од Косово во акција за „спречување на криумчарење стока“. Во судирите до кои дојде, српските медиуми јавуваат за десетици повредени, од кои едно лице е во животна опасност.

Косовска полиција јавува дека шест полицајци повредени и тројца уапсени во денешната акција во северно Косово.

Тешко повредниот Србин е веќе опериран и се наоѓа во стабилна состојба, информираат од болницата во Косовска Митровица.Искршени автомобили, амбулантни возила и пожарникари беа на улиците, а граѓаните се собраа во центарот на Митровица. Во еден момент, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата. Косовската полиција соопшти дека полициската акција во раните утрински часови „за постигнување стратешки цели во спречувањето на криминалот, особено во борбата против шверцот на стока во аптеките“. Акцијата се спроведуваше во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица. Српското државно раководство во првичната реакција ја осуди оваа, како што ја нарече „налудничава политика на Приштина“ и од меѓународната заедница, КФОР и ЕУ побара да го „заузда Албин Курти“, бидејќи ситуацијата била „ на работ на хаос“.

„Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани. Ќе има борба против нив. Ќе се бориме и ќе спречиме шверц“, напиша Курти на својот фб профил.

Српскиот претседател Aлександар Вучиќ се упати кон Рашка и се очекува да и се обрати на јавноста.

Инцидентите на Косово ги осуди високиот претставник на Европската унија за надворешни работи, Жoзеп Борел,барајќи нивен итен прекин.



Слични Објави