|

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ПЕТРОВСКА И БОГОЕВ ДАЛЕ ИЗЈАВИ ПРЕД ОБВИНИТЕЛ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

Градоначалниците на Карпош и на Битола, Стефан Богоев и Наташа Петровска, дале изјава во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „Рекет“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во денешното соопштение наведува дека тие се испитани за да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот кој се води против две лица за кривични дела – примање награда за противзаконито влијание и перење пари и други приноси од казниво дело.

– Во текот на вчерашниот ден по телефонски повик од јавен обвинител, во Обвинителството изјава даде градоначалникот на Општина Карпош. Денеска  беше повикана и изјава даде градоначалничката на Општина Битола. Во интерес на истрагата, Обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави, се наведува во соопштението.

Слични Објави