Поранешниот министер Миле Јанакиески, и останатите осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за малверзации за изградба на три хотели и шпанските скали, добија нови 30 дена притвор, јавува А1Он повикувајќи се на извори од кривичниот суд.
И покрај фактот што Јанакиески беше пренесен на преглед во градската болница „Осми септември“ и во приватна болница, судот тоа не го прифатил како олеснителна околност за изрекување поблага мерка.