НИКОЛОСКИ: ПРВА КОАЛИЦИЈА СО ДУИ НАПРАВИ СДСМ ВО 2001 И ИМ ДАДЕ ЛЕГИТИМИТЕТ ВО ПОЗНАТАТА „КОАЛИЦИЈА РОЗИ И ПИШТОЛИ“
Во гостување во емисијата „Акцент“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски потенцираше дека владата на СДСМ ги ослободи убијците од „Сопот“ и од „Монструм“ додека во затворите има луѓе кои се осудени за многу полесни дела.
Тој посочи дека тоа е дел од Тиранската платформа за која луѓето протестираа 70 дена на улица и во таа платформа убаво пишува кои се случаите за кои ќе има ревизија.
-СДСМ се обидува да покрива работи кои не се покриваат. Убиство на 5 деца со аменстија после војна која што и СДСМ ја гласаа. Првиот легитимитет на ДУИ во оваа држава го даде СДСМ. Прва коалиција помеѓу македонска политичка партија и ДУИ се случи во 2001 година во познатата коалиција на рози и пиштоли, рече Николоски.
Николоски посочи дека се ослободуваат луѓе со политички договор.
Такви примери според него се Бајруш, Агим Красниќи, Станислава Чочоровска и еден тон криминалци кои се ослободени со законот за амнестија, и околу 30 % ги имаат повторено делата па сега се вратени во затвор.