ВМРО-ДПМНЕ: БИЗНИС МОДЕЛОТ НА ЗАЕВИ Е ПРЕКУ ДРЖАВНИ РЕСУРСИ ДА СЕ ЗГОЛЕМУВА СЕМЕЈНОТО БОГАТСТВО

Вести Истакнато Македонија

Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, ја киднапираа државата и наместо за државниот, работат за личниот и партискиот интерес, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Бизнис моделот на Заеви е преку државни ресурси да се зголемува семејното богатство. Самиот Зоран Заев призна дека како краен корисник на градежното земјиште што го продал се јавува брат му Вице Заев.

Зоран Заев како градоначалник го продава земјиштето на Сашко Брндевски, бизнис пајташ на Вице и Трајче Заеви, по цена од 700.000 евра. Брндевски го дели на осум парцели и една од нив продава на брат му на Зоран Заев, Вице.

Вице Заев за надомест од една гарсониера го купува градежното земјиште на која гради зграда од скоро 7.000м2 станбена површина.

Сашко Брндевски наместо по пазарна цена, или учество во градба од 25%, како што вообичаено е случај, му го продава земјиштето за кое во процес на продажба на станови може да земе 1.100.000 евра за обична гарсониера.

Ова говори за однапред договорена работа.

Ова е скандалозно и пример како за багатела се прави милионско богатство.

Овој скандал покажува каков е односот на Заев кон државата. Заев на Република Македонија и нејзините ресурси гледа само како на средство за лично богатење. Ова неодговорно однесување мора да запре, државата не е лична своина на Заеви. Државата и граѓаните заслужуваат подобро, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.