| |

Проектот „ПлантаСИСТ“ од Пловдив финалист на престижниот европски натпревар REGIOSTARS 2025

Проектот „ПлантаСИСТ“, кој создаде Центар за растителна системска биологија и биотехнологии (ЦРСББ) во Пловдив, се најде меѓу петте финалисти на престижниот натпревар на Европската комисија – REGIOSTARS 2025, во категоријата „Конкурентна и интелигентна Европа“, јавува БГНЕС.

Оваа година за натпреварот беа поднесени рекордни 266 апликации. Победниците по категорија, како и добитникот на наградата на публиката, ќе бидат објавени на свечената церемонија што ќе се одржи на 15 октомври 2025 година.

Центарот „ПлантаСИСТ“ во Пловдив е современо истражувачко јадро кое се фокусира на развој на растенијата, нивната адаптација на стрес, селекција на отпорни зеленчуци и развој на растителни соединенија за медицината. Покрај научната работа, центарот активно обучува докторанти, го поврзува академскиот сектор со индустријата и досега обезбедил квалификација за над 300 научници преку меѓународна мобилност.

До денес, ЦРСББ има објавено повеќе од 410 научни трудови во списанија како Cell, Nature Biotechnology, Nature Plants, Molecular Plant и Trends in Plant Science, и учествувал во 30 национални и меѓународни проекти. Во центарот работат повеќе од 50 научници, меѓу кои 12 докторанди и 7 млади истражувачи.

Проектот се реализира преку програмата „Хоризонт 2020“ и беше кофинансиран со 30 милиони лева преку Оперативната програма „Наука и образование за интелигентен раст“. Во новиот програмски период, „ПлантаСИСТ“ добива финансирање од над 13 милиони лева преку Програмата за научни истражувања, иновации и дигитализација за интелигентна трансформација.



Слични Објави