Перев: Претстои бришење и на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид
„Претстои бришење и на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, истата судбина како и на клубот „Иван Михаилов“ во Битола“, изјави за Бугарската национална телевизија публицистот Владимир Перев, редовен колумнист на порталот „Трибуна“.
Според него, тоа ќе создаде пречки за пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија. Перев додава дека, во РСМ има непочитување на европските закони и етика.
„ Во однос на реакцијата на Бугарија – главниот товар паѓа на МНР на Бугарија, важен е и ставот на претседателот Румен Радев“, додава Владимир Перев.

