| |

Проф. д-р Малески за БГНЕС: Нема „друг“ пат за евроинтеграција на Северна Македонија, Бугарија има силна позиција во ЕУ

Обврските на македонската влада и позицијата на Европската унија мора да бидат исполнети, изјави за БГНЕС проф. Денкo Малески, првиот министер за надворешни работи на независна Македонија, коментирајќи ја изјавата на премиерот Мицкоски: „Додека сум премиер, нема да има уставни измени“.

„Бугарија има силна позиција во Европската унија – и како нејзина членка, и како став на целата Униja“, истакна Малесски.

Тој потсети дека земјата 25 години стагнирала во односите со Грција и дека слична состојба се повторува и сега. „Францускиот предлог беше добро решение за да не стоиме во место, туку да преговараме и да се движиме кон членство, а паралелно да ги решаваме несогласувањата“, рече тој.

Според Малевски, сегашната власт го смета процесот за грешка или „предавство“, што не одговара на принципите на либералната демократија. Тој нагласи дека претходната влада се обидела да најде решение, но уставните измени не добиле поддршка во парламентот.

„Двете страни сме обврзани со Договорот за добрососедство. Многу е лошо кандидатот да остане надвор од процесот. Со оваа внатрешна политика ние остануваме надвор од него. Обврските на македонската влада и ставот на Европската унија мора да се исполнат. Нема друг пат“, заклучи Малески.

Слични Објави