|

Професор добил отказ откога на своите ученици им наложил да си напишат посмртници

Професор по психологија во средно училиште во американската сојузна држава Флорида е отпуштен откога им наложил на учениците сами да си напишат посмртници во случај на вооружен напад во училиштето, јавуваат американските медиуми.

Професорот смета дека не направил ништо лошо и ќе се жали на одлуката.

Училишниот одбор на округот Оринџ соопшти дека семејствата на децата биле известени дека наставникот им дал „несоодветна задача за насилството во училиштето“ и дека истиот ден му бил раскинат договорот за работа.

Џефри Кин (63), кој работи во училиштето од јануари, задачата им ја доделил на учениците од 16 и 17 години.

Тој се одлучил да го стори тоа бидејќи верувал дека пишувањето посмртници ќе им помогне да размислуваат за своите животи доколку се случи пукање во училиштето, објасни тој за локалниот телевизиски портал „Фокс“.

„Тоа не беше за да ги исплаши или да ги натера да мислат дека ќе умрат, туку само да им помогне да сфатат што е важно во нивните животи.

Кин исто така објави копија од задачата на „Фејсбук“.

Во неа тој, меѓу другото, ги прашува студентите зошто мислат дека има толку масовни пукања во САД и какви позитивни активности би можеле да се преземат за да се намали бројот.

Кин за локалниот веб-портал изјави дека со задачата сака да им покаже на учениците што е навистина важно во светот.

„Според мое мислење, не направив ништо лошо“, додаде тој.

Слични Објави