| |

„ПРОГРЕСИВЕН“ КИЧМА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ

Во време кога живееме со едно турбулентно темпо, каде што треба со надчовечки сили и напори да успееме да си ги завршиме нашите секојдневни обврски, се почесто немаме доволно време да посветиме на нашите најблиски чеда, односно нашите деца. Затоа воспитувањето на нашите деца го оставаме на воспитно- образовните институции кои се должни нашите деца квалитетно да ги воспитуваат и образуваат. Но по осамостојувањето на нашата држава и со воведувањето на повеќе „напредни“ програми во воспитно- образовните установи, никако да се помрднеме од темната точка на нефункционален и некорумпиран воспитно- образовен систем. И дојде време кога нашиот „колега“ министер, кој што од своја експертиза заклучил дека неуспехот во воспитно-образовниот систем се базира на премалкуте часови кои учениците ги посетуваат. Затоа со новиот закон на учениците им се наложува уште неколку часа неделно како воннаставни. Од друга страна бидејќи е правник и се грижи за интересите на државата за да не дојде до тужби од страна на родителите, бидејќи дете од десет години треба по 6 часа дневно да седи во „најсовремени“ дрвени столчиња што ни останаа од СФРЈ, и да не им предизвика физички деформитет на р’бетниот столб, вработи уште еден куп фискултурци и сега слободно може децата да ги оставеме во сигурни раце. Уште да им воведе масажа и да им воведе секојневно задолжително одење во сауни, бидејќи сметките за парно што ги плаќаат училиштата се толку високи како да секоја училница треба да претставува сауна.

Драг министре, прво направи услови за да можат и децата и суетните наставници да можат да имаат нормални услови за настава, подоцна излези малку од таа твоја кожна фотелја и седни на некое дрвено столче да видиш дали ти можеш да бидеш сконцентриран 5 часа, а со самото тоа и ќе ги видиш училниците кои се опременети со кинески компјутер за секое дете, од кои 1 процент не работат и на крајот ќе го достигнеме скандинавскиот воспитно-образовен систем, всушност ние веќе и навидум функционираме делумно по овој систем, мислам за сауните.

Автор: Даскалот



Слични Објави