Пролетен саем на книгата во Софија и 10-ти Софиски меѓународен литературен фестивал за деца и млади
Пролетниот саем на книгата во Софија започнува на 1 јуни и ќе трае до крајот на неделата. Повеќе од 150 бугарски издавачки куќи ќе ги претстават своите најнови изданија и ќе овозможат средби на читателите со најактуелните автори во моментов. Штандовите се поставени на просторот пред Националниот дворец на културата во бугарскиот главен град, соопшти за БНР Петја Господинова, претседателка на асоцијацијата „Бугарска книга“, организатор на саемот.
„Паралелно со Пролетниот саем на книгата се одржува и 10. Софиски меѓународен литературен фестивал за деца и млади, кој навистина веќе стана традиција – од 1 до 6 јуни, во специјално поставен шатор на излезот од метрото. Во културната програма ќе учествуваат и странски детски автори, како и бугарски автори. Програмата е многу богата. Важно е да ги поттикнуваме децата да читаат книги, бидејќи секоја прочитана книга отвора нов свет, ги учи на сочувство, развива чувствителност и ги гради како слободни личности. Затоа за нас е важно да ги поттикнуваме децата да читаат“, изјави Петка Господинова.

