|

Промена на работното време од летно во зимско на зонското паркирање

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги известува сите граѓани дека од 1.10.2023 година (недела) почнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

– од понеделник до петок: од 7 до 21 часот;

– во сабота: од 7 до 14 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време останува исто, односно:

– од понеделник до сабота: 7 до 23 часот.

Исто така, од 1.10.2023 се врши промена на работното време и на јавните паркиралишта:

– Нова Македонија, Народен фронт и АМСМ, каде што услугата паркирање ќе се овозможи 24/7.

Од „Градски паркинг“ апелираат до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг-услугата да ја извршат навремено и уредно во согласност со работното време на паркиралиштата.



Слични Објави