|

Пронајдена дрога во возило во тетовско, лишени од слобода две лица, следува пријава

На 3 ноември 2025 година, околу 21 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода лицата Б.А. (37) и О.Ј. (26), двајцата од селото Требош, тетовско.

Како што информира МВР, при преглед извршен на регионалниот пат Тетово – Скопје, на влезот во селото Желино, во патничко моторно возило марка „Ауди“ со тетовски регистарски таблички, управувано од Б.А., биле пронајдени и одземени шест ќеси со марихуана.

Двајцата се приведени во полициска станица и задржани за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Слични Објави