|

Проруската коалиција на Левица и ДПМНЕ и наштети на земјата, исто како Букурешт 2008, велат од СДСМ

Според СДСМ, проруската коалиција на Левица и ДПМНЕ и наштети на земјата.

„Истите оние коишто беа против зачленувањето во НАТО, истите тие се против зачленувањето во ЕУ.

Тоа што го гледавме во 2008 година во Букурешт, истото го гледаме сега во Брисел, истите политичари, истите политички партии, сега засилени со партијата Левица.

Една анти ЕУ, анти НАТО, проруска коалиција, која што не нуди друга алтернатива, меѓутоа државата повторно сака да ја води во изолација и во статус кво“, потенцираат од владејачката партија.

Уште еднаш, како што додаваат од СДСМ, се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ и анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.



Слични Објави