Четири години од пожарот во тетовската модуларна болница, каде животот го загубија 14 лица, а десетина беа повредени
Денеска се одбележуваат четири години од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, каде што загинаа 14 лица, а десетина беа повредени. Од жртвите, 12 биле пациенти кои се лекувале од Ковид-19, а двајца биле нивни блиски роднини.
По долготрајниот судски процес, директорите на тетовската болница, Флориан Бесими и Артан Етеми, беа осудени на затворска казна од една и пол година. Судот ја утврди и одговорноста на самата болница за предизвикување на општа опасност.
