| |

ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА МНР ДИМИТРОВ СО АМБАСАДОРОТ ШЧЕРБАК

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес имаше проштална средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Николаевич Шчербак, кој ја завршува својата дипломатска мисија во нашата земја.

МНР Димитров изрази надеж дека односите меѓу двете земји во иднина ќе се развиваат во духот на традиционалното пријателство и меѓусебно уважување. Притоа укажа дека Република Македонија, стратешки ориентирана кон евро-атланските интеграции, придава значење и на развивање на односите со Руската Федерација и е подготвена за интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.

МНР Димитров на амбасадорот Шчербак му посака успех во извршувањето на идните функции.

Слични Објави