|

„Простор за разговор“ во Охрид

Вечерва со почеток во 20 часот, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар организира настан „Простор за разговор“ во Младинскиот центар во Охрид, за зајакнување на родовата еднаквост.

Настанот е дел од проектот „Простор за разговор“ со кој преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс целта е  да се зајакне чувството на припадност кон заедницата, да се искоренат стереотипите и да се зајакнат младите, маргинализираните и лицата во социјален ризик.

„Простор за разговор“ се состои од краток филм и танцов перформанс, кои претставуваат уметничка рефлексија на темата и ќе бидат изведени од танчерите на Скопје танцовиот театар. По перформансот ќе има разговор на темата за родова еднаквост со публиката, со цел справување на проблемите на младите. Поканети се социолози, активисти и психолози, кои ќе говорат за тоа, каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост.

На 4. јуни (вторник) настанoт се одржува во Струга во Домот на културата во 12 часот, со што завршуваат низата перформанси што се одржаа изминатите 10 дена во шест градови низ државата.

Проектот „Простор за разговор“ е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.

Слични Објави