Протести во Србија против полициско насилство и апсења – десетици повредени и приведени
Во Србија продолжуваат анти-владини демонстрации кои избувнаа на почетокот на август со барање за одржување предвремени парламентарни избори. Протестите прераснаа и во реакција против, како што тврдат учесниците, прекумерната употреба на сила и апсењата од страна на полицијата, јавува БНР.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека во изминатото деноноќие се приведени 144 учесници, а 75 полициски службеници биле повредени. Полицијата употреби пендреци и солзавец за да ја растера толпата.
Синоќа во Белград, демонстрантите се собраа пред зградата на Генералштабот на војската, која беше бомбардирана од НАТО во 1999 година. Според извештаите, тие фрлале факли кон полицијата и запалиле корпи за отпадоци и дрвја.
Протести се одржаа и во Нови Сад, Крагуевац, Ваљево и Ниш, јавува „Ројтерс“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека државата е посилна од секој протест и дека е недозволиво полицајци да бидат напаѓани и повредувани од граѓани.
