|

Прв ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот

Заврши првиот ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Продолжението е закажано за утре во 11 часот.

Пред пратениците се вкупно 222 амандмани од кои 153 поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Во претпладневниот дел од седницата беше прифатен амандманот со кој се бараат дополнители два милиони денари за Комисијата за заштита од дискриминација, поднесен од тројца пратеници од владејачкото мнозинство, но одбиен беше амандманот на опозицијата, да се предвидат 300 милиони денари за интервентен фонд за земјоделство.

Попладнево беа одбиени уште два амандмана од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на угостителите и естрадните уметници.

Како што објасни заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски, антикризните мерки беа добро скроени и таргетирани, а тоа го потврдија и Светска банка и ММФ. Конкретно, во однос на естрадните уметници, како што потсети, беше донесена еднократна помош од 30.750 денари или вкупно 23 милиони денари.

-На јавниот повик стигнаа 1633 апликации од кои 745 ги исполнија критериумите. Но, од нив 429 имаа пополнето годишна даночна пријава за 2020-та, а 316 немаа. По мислење од Министрството за финансии и тие 316 беа вклучени во тие што добија поддршка со што бројката стана 745. Даночната пријава не беше пречка, сите 745 естрадни уметници добија средства. Оние што беа одбиени, не ги исполнуваа другите критериуми, објасни Ковачевски.

На тоа, пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ реплицираше дека штом е така, тогаш протестите на музичарите и естрадните уметници биле без никаква причина. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави