Прв македонско-бугарски собир „Коридор 8“ кај железничката станица Ѓуешево во Република Бугарија

//

Денеска и утре на едно симболично место, железничката станица Ѓуешево во Р. Бугарија- последната железничка станица на бугарска територија од Коридорот број 8, се одржува првиот македонско-бугарски собир, по иницијатива на креаторите на емисијата „Коридор 8“ Георги Станков и Атанас Величков.


Основната идеја на емисијата е луѓето од двете страни на границата да започнат да комуницираат и да се запознаваат еден со друг, без тензии и манипулации, да разговараат за нормални теми како нормални луѓе.


На собирот кој што е целосно финансиран од самите учесници, се присутни луѓе од Бугарија и РС Македонија.
Иницијаторите на собирот имаат намера истиот да го направат традиционален.



Следното издание на македонско-бугарскиот собир за пријателство „Коридор 8“ ќе се одржи наредната година на територијата на РС Македонија.

Претходна статија

НАТО планира прифатни кампови за Авганистанци, еден од нив ќе биде на Косово

Следна статија

Изгоре барака во Пржино, повреден сопственикот

Најново од Вести