|

Прва реакција на Украина по руската најава за повлекување од Херсон

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на своите сили, соочени со украинските напади во близина на градот Херсон во јужна Украина, да се повлечат од западниот брег на реката Днепар.
Рускиот генерал Сергеј Суровикин изјави дека веќе не е можно да се снабдува Херсон. Тој додаде дека предложил воспоставување одбранбени линии на источниот брег на реката Днепар.

Висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е премногу рано да се зборува за повлекување на руските трупи од јужниот град.

„Додека украинското знаме не се вее над Херсон, нема смисла да се зборува за повлекување на Русија“, рече Михајло Подољак во изјава за „Ројтерс“.

Извор: a1on.mk

Слични Објави