| |

Првата група од 35-тата бугарска антарктичка експедиција пристигна на островот Ливингстон

Првата група поларни истражувачи пристигна по морски пат на островот Ливингстон, соопшти Бугарскиот антарктички институт, пренесува БНТ.

Групата ја сочинуваат 12 Бугари и тројца научници од САД. Тие ја отворија бугарската антарктичка база „Св. Климент Охридски“ за новата поларна сезона. По долгата поларна зима претстои оспособување на базата за работа, а потоа ќе започнат научните истражувања.

Групата тргна од Софија на 5 ноември, но поради силните бури во Дрејковиот Проток пристигна на Антарктикот со задоцнување.

Слични Објави