| |

Првиот дипломат на Бугарија Николај Милков им се заблагодари на припадниците на бугарските заедници во странство за учеството во организирањето на изборите за парламент

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков им се заблагодари на бугарските заедници во странство, заради нивното учество во организирањето на изборите за парламент во Бугарија, што се одржаа на 2 октомври годинава.

„Дозволете ми да изразам искрена благодарност до секој од еден од вас, луѓето што беа ангажирани во сложената и исклучително одговорна задача за подготовка и одржување на изборите за Народното собрание на 2 октомври 2022 година во странство! Нивната успешна реализација беше возможна поради конструктивната интеракција помеѓу бројни институции, структури на бугарската заедница, дипломатските претставништва во странство, волонтери и многу други истомисленици. Им благодариме на сите!

Колегите во дипломатско-конзуларните претставништва, вработените во МНР и инволвираните бугарски институции, кои со свои претставници се вклучија во организирањето на гласањето во странство ја добија клучната поддршка од нашите сонародници во странство. Ја користам можноста да изразам благодарност за вредната помош на структурите на бугарските заедници, кои работеа со разбирање и трпение во организирањето изборите.

За изборите на 2 октомври беа отворени 755 избирачки места во 62 земји. Членовите на СИК во странство надминаа 4.200 членови, а солиден дел од нив – над 2.200 – беа од бугарските заедници во соодветните земји. Ви благодарам на сите за вложените напори и за добрата соработка со тимот на Работната група „Избори“ при Министерството за надворешни работи. Се надевам дека и во иднина ќе можеме да сметаме на плодна интеракција, за нашите сонародници во странство да можат да го остварат своето демократско право на глас, изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков.



Слични Објави