ДКСК: ОБВИНУВАЊАТА ОД ИВАНОВ СЕ ПАУШАЛНИ

Државната комисија за спречување на корупцијата „со иднигнација и во целост“ ги отфрла, како што се наведува, искажаните обвинувања и паушални наводи објавени од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Ѓорѓе Иванов кон претседателот на Комисијата Билјана Ивановска.

loading...

Во соопштението се наведува дека Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција.

Државната комисија за спречување на корупцијата на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговори, се посочува во соопштението.


loading...

Иванов упати писмено барање до претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Биљана Ивановса за доставување на информација за состојбата, статусот на отворените предмети кои ги води ДКСК за него, предмет за потпишување укази за унапредување на генерали за време на изборен процес и предмет за зголемување на имотната состојба.

За овие предмети, како што наведуваат од Кабинетот на порнешниот претседател, и покрај изминатите 20 месеци не е преземено ништо согласно законските утврдени рокови.