| |

Првите два камиони со бугарска помош денеска заминуваат за Украина

Првите два камиони на бугарскиот Црвен крст, денеска ќе заминат за Украина. Рано утринава започна товарењето на дел од досега собраните донации за поддршка на жртвите од војната во Украина, јавува БГНЕС.

Во рамките на Националната хуманитарна кампања на бугарскиот Црвен крст, за сите мобилни оператори е активиран краткиот број 1466. Секој што сака да ја поддржи кампањата може да испрати СМС и да донира 1 лев за жртвите од конфликтот во Украина. Отворени се и банкарски сметки за донации.

Акцијата за собирање донации продолжува, а сите кои сакаат да се приклучат можат да го сторат тоа во регионалните структури на бугарскиот Црвен крст, како и во седиштето на организацијата на бул.Џејмс Баучер бр.76 во Софија.

БЧК ја изразува својата длабока благодарност до стотиците индивидуални и корпоративни донатори кои одговорија на повикот за поддршка на жртвите на војната во Украина.

Слични Објави