Првите контејнери со линдан од скопски Охис тргнаа кон Франција

/

Со посебно задоволство ја објавивме веста дека првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција, соопштија од Министерство за животна средина и просторно планирање.

„Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант Охис.

Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста на самиот процес на ископување на линаданот и неговите изомери складирани во малата депонија на поранешниот гигант Охис, исто така координирано, прецизно и крајно внимателно, со особено залагање на искусни професионалци  кои си ја знаат својата работа до најситен детал, беше извршана подготовката за транспорт што подразбира пакување и товарање и самото транспортирање.

Целиот процес се водеше со посебна внимателност и почитување на меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција и сега е најважно оваа пратка да стигне безбедно до крајната дестинација.



Во наредниот период уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортиртани од државата со што завршуваат активностите опфатни со ГЕФ проектот што се реализаира преку  УНИДО. Но, ископот во континуитет ќе продолжи со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС во сорабoтка со UNOPS“.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

НСДП го прифати францускиот предлог

Следна статија

Заев од Атина: Францускиот предлог можеби не е најдобар, но е добра основа за почеток на преговори со ЕУ

Најново од Вести