(Галерија) Прво издание на детскиот ликовен фестивал „Бисерни бранови“ во Струга
Крајот на летото беше одбележан во Струга со детски фестивал за ликовна уметност. Фестивалот „Бисерни бранови“ се одржува за прв пат, а негов организатор е едноименото граѓанско здружение. Овој настан се одржа со финансиската помош на познатиот бугарски филантроп и мецена д-р Милен Врабевски, прв човек на Фондација „Бугарска памет“.
Својот талент го покажаа 24 деца од градот и целата земја. Организаторите најавуваат дека фестивалот ќе стане традиционален, а во иднина ќе има и меѓународно учество. Идејата е како што велат од здружението „Бисерни бранови“, децата од Струга, од целата држава и од странство да се собираат секоја година на крајот на летото, да творат заедно, да се забавуваат и да создаваат нови пријателства.






