|

Првото бебе за 2023 г. во Норвешка е Бугарче

Првото бебе за 2023 година во Норвешка е Бугарче. Девојчето е родено на 1 јануари 13 минути по полноќ во предградие на главниот град Осло. Амаја е прогласена за бебе на годината, заедно со момче кое е родено во истата минута, но во Берген.

“Бебето, како и неговата мајка се во совршена состојба. Амаја е родена со тежина од 3,730 килограми и должина 53 сантиметри. Пораѓањето било природно, а терминот бил на 30-ти”, вели таткото на девојчето, Калојан.

Амаја ќе ја посети градоначалникот на Осло и ќе добие бесплатни пелени за една година, како и бесплатна детска градинка за една година.



Слични Објави