Додека бара формирање на владејачко мнозинство, кабинетот мора да ги обезбеди социјалните плаќања и поддршката на бизнисот. Да опстане ветото за Република Северна Македонија во согласност со рамката усвоена од Консултативниот совет за национална безбедност и да се обезбеди функционирање на државата. Ова денеска го изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред бугарските новинари.
„Политичката криза е факт, но за разлика од претходните кризи, таа се одвива во услови на прогресивна инфлација, социјална, економска и прехранбена криза предизвикана од војната во Украина. Ни треба одговорно и одржливо владеење, а партиите застапени во парламентот мора што поскоро да најдат излез од ситуацијата“, изјави Радев.