Илиев: Не смееме да тргуваме со правата на Бугарите во РС Македонија

//

Кирил Илиев е историчар. Неговите истражувачки интереси се поврзани со новата и поновата историја. Внимателно ги следи процесите во РС Македонија, како и односите меѓу Скопје и Софија. Тој за порталот Денес.бг ја коментира посетата на премиерот Кирил Петков и дали од истата може да се извлечат заклучоци.

Премиерот Петков ја посети РС Македонија, дали од посетата можат да се извлечат некакви заклучоци?

Заклучоците од посетата на Кирил Петков не се толку позитивни, колку што се обидоа да ни ги претстават. Како прво, намерно беа заобиколени актуелните клучни прашања – не стана јасно, како ќе се гарантираат правата на Бугарите кои живеат во РС Македонија, не стана јасно какви механизми ќе се воспостават за да се искорени говорот на омраза против Бугарија и Бугарите во Северна Македонија и темата за заштита на бугарското културно и историско наследство во Северна Македонија не беше покрената. Немаше ни збор за тоа, кога историската комисија ќе продолжи со работа. Уште понепријатно беше тоа што премиерот се сретна со апсолутно сите политички субјекти, а на Бугарите, кои го чекаа со часови, тој одвои 15 минути да се слика со нив, но без да се распраша за нивните проблеми и нивната борба за човекови права. Наместо тоа, со помпа ни беше кажано да бидеме смирени дека РС Македонија нема територијални претензии кон нас и ова беше вистински триумф на домашната дипломатија. Човек се прашува дали да се смее или да плаче на вакво признание.

Како ја оценувате моменталната позиција на Бугарија кон РС Македонија и дали ќе биде можно да се исполнат барањата што ги поставивме и по чија имплементација Бугарија може да одобри почеток на преговори за членство на ПКМ во ЕУ?

За нас е клучно да го решиме проблемот со правата на Бугарите кои живеат таму, Северна Македонија да ја уредува својата историја според историските извори од тој период, да престане да ги демонизира Бугарите на државно и научно ниво, да стави крај на говорот на омраза и да ги отвори архивите на УДБА, за да стане јасно кои биле џелатите на Бугарите по завршувањето на Втората светска војна и со тоа да се добијат гаранции дека оваа земја раскинува со своето тоталитарно минато и не сака повеќе да се крие во сенката на Југославија. Дека има амбиција да стане модерна европска држава која го осудува она што го направил југословенскиот комунизам.

Двете земји рекоа дека нема да ги преминат своите „црвени линии“. Каде мислите дека може да се постигнат компромиси?

Во однос на човековите права, историјата и говорот на омраза. Изгубивме 4 и пол години од потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство, без да направиме ништо. Во овој случај не ни треба компромис, туку отворен, добронамерен и конструктивен дијалог. Се надевам дека новиот премиер во Скопје ќе сфати дека клучот за решавање на проблемот со Бугарија не е во плаќањето на разни лоби структури во Европа и на Балканот, туку во дијалогот со Софија. Во почетокот не ни треба авион на линијата Софија-Скопје, туку проактивни дејствија од нивна страна по барањата на Бугарија кон РС Македонија.

Дали преговорите за неколку дополнителни теми, како економијата и транспортот, можат да ги остават историските разлики во втор план?

Би сакал да кажам дека се восхитувам на желбата на новата влада да ги одмрзне инфраструктурните проекти меѓу двете земји, како и да вложи напори за создавање и активирање на економските врски меѓу двете земји. Бизнисот е голем потфат, но човековите права на Бугарите во Македонија не се бизнис и тие не можат и не треба да се тргуваат. Сметам дека е цинично да се зборува за бизнис пред да се реши проблемот со правата на Бугарите кои живеат во РС Македонија.



Несомнено, една реченица на Кирил Петков за фашистичкиот режим ги разбрани духовите. Гаф или желба за историска вистина е тоа според Вас?

Дефинитивно грешка која е изречена на погрешно место во погрешно време.

Дали покренувањето на прашањето за правата на Бугарите во Северна Македонија, не предизвика реакција, поврзана со признавање на т.нар. „македонско малцинство“ кај нас?

Веројатно е така. Се слушнаа барања за реципроцитет, најмногу од опозицискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, но добро е прво да се разгледа Договорот од Преспа со Грција и да се одговори каде има реципроцитет во него? Македонија го смени името како резултат на потпишувањето на овој договор и стана Северна Македонија, дали Грција стана Северна Грција?

Има ли светлина во тунелот за говорот на омраза во РС Македонија, дали ние од наша страна може да предизвикаме негово намалување?

Топката е целосно во полето на Република Северна Македонија. Во оваа фаза тие ја имаа усвоено стратегијата да ја тупкаат топката во место и да се надеваат преку надворешен притисок да ја разбијат бугарската позиција. Се надевам дека веќе се убедика дека тоа не поминува и сега ќе бидат поажурни во намалувањето на говорот на омраза.

За време на посетата на Скопје, Петков не се поклони на гробот на Гоце Делчев, каков е овој знак за Вас?

Не знам во овој случај која е полошата опција – нашиот премиер воопшто да не слушнал за Гоце Делчев и затоа не успеал да се поклони на неговиот гроб или да знае кој е Гоце Делчев, но не сметал дека е потребно да даде почит на овој бугарски колос. Во секој случај, ова е сериозен гаф и загрижувачки знак дека проблемот со историјата се наоѓа во ќорсокак.



Претходна статија

Отворено писмо на еден македонски Бугарин до бугарскиот премиер: Дури и морето да е мастило, нема да ни биде доволно да опишеме сè што сме поминале

Следна статија

Трите кристализирани чворишта на македонските Болгари

Најново од Интервју