|

Трите кристализирани чворишта на македонските Болгари

Пишува: Димо Петкоски

И нема на друго место помоќна драма за катарзично самопреживување во самостојна Македонија од таа што ја проследивме деновиве во Скопје. Од ништо, а од секаде, секој присутен на „прославите“ го напипува и само од себе го потресува внатрешното негово неистрошливо јадро како внатрешно сонце низ очи едни на други дури зрачиме пријателство или омраза. Ако веќе воопошто себе си и некому нешто сеуште значиме. Се бараат и редат во полутемнина пред влезот за „прославата“, но само „избраните“.

Сигурно некако така избрканите од рајот изгледаат и се однесуваат дури ѓаволот што не не додавил се вртка околу нас. Оваа „прослава“ е токму тоа. Официјална средба со џелатот. Свечена процесија на џелатите и жртвите исфрлени губитнички од историјата во ладна сала што ќе ја топлат со заедничкиот здив едни и други в грла што ги дави и препотува, мешајќи се со испарувањата од вкусните деликатеси на преполните софри… Можеби телата на заедничките предци се испружени по недогледните маси за да штрбнуваат со чепкалки како нафора и се чукнуваат со чашите полни течно црвенило.

Можеби ваквите „прослави“ на останатите македонски етнички заедници се протоколарно поугладени и со поголема гламурозност. Секој ден зацртуваат и спроведуваат “мерки и активности“ славенички рекапитулираат колку откинале од имагинарното живо ткиво на македонските Болгари. А своите македонистички специјалитети самите мораат да ги поставуваат врз бугарската милениумска државотворна софра: писменост, црква и политичко организирање… Само колку тоа бескрајно ги дразни и збеснува и ги тера на конспиративно работење.

Прво против себе, а најмногу против вистината.Заради овие три толку силни и живи кристализирачки чворишта (Чеслав Милош) на македонските Болгари врз останатите на македонската територија, што антибугарство им е деноноќна опсесија, но триножната бугарска идентификациска софра на вековите за сечие сервирање нерасклатливо си опстојува.Едната ногарка од нерасклатливата софра е болгарската и сесловенската писменост уште од Борисовата и Симеоновата држава, втората е црковната организираност низ вековите преку болгарската Охридска архиепископија, на тие две нозе чекори болгарскиот дух низ вековите, за на крајот од ХIХ век, повторно народниот државотворен копнеж да ја востанови и третата ногарка од болгарската народна софра како политичка вообличена идеја за независна Македонија.

Слични Објави