ОДЕЈЌИ НАПРЕД, ДОЈДЕ ЖИВОТОТ, НО КАДЕ Е ЗОРАН ЗАЕВ?!

Што ни донесе слоганот „Заедно напред“, а што ли ни донесе слоганот „Дојде живот“? И што всушност донесе Зоран Заев?

На само две години поминати откако „дојде животот“ човек да не знае од каде да почне. Накратко сето тоа што порекнуваа го остварија за најкус можен рок, впрочем како што велеше „бегалката“ – тоа лошото да го изгураме на почеток, па на раат да си тераме мандат. Но тешко ќе се тера на раат мандатот после ваквите избори кои беа горчливи, но во целата ситуација за голема среќа Премиерот, Мицко и Гоца се во погрешна приказна…Тоа всушност е сликата на македонската политика, Мицко од Социјалистичка и Гоца од СДСМ да ја предводат ДПМНЕ. Конфузно и дискутабилно, но за тоа во некоја наредна прилика.

Како прво дојдовте на власт со проектот „Вистината за Македонија” со таканаречените „бомби”, што всушност и добро испадна и падна од власт една банда која ја врати Македонија едно дваесет години и провинциите ги уништи воздигнувајќи го Скопје како светска метропола. Нејсе, тоа веќе го знаеме, а и да сакаме не можеме да го заборавиме и за тоа се најзаслужни порталите на власта. Но знаете што е најчудно од сѐ , тоа што истите тие портали кога излегоа на површина „Мира Дизел“, „Кирац Швалерај“, накратко пола владини функционери вклучени во непотизам и злоупотреба на функција и за крај како цреша на тортата „Павле Тип 400“, постираа бомби за „Бегалката“ и неговата компанија… Па зарем има крај на ова лудило?! Тешко дека ќе има за брзо. Мене не ме чудат партиските профитери на кои не им е гајле и да се распадне државата, битно тие да имаат работа и да чепкаат по нешто на страна, туку ме чудат овие лудаци кои ни читаа бајки пред заспивање за розовата Македонија. Впрочем и после неполни 7-8 месеци се претворивме во Северна, а рака на срце Заев му вети на народот и се заколна во своите деца, дека не менува Устав и име и така се претворивме од „розева“ во Северна. Чесен збор!

Како второ, во државата трабаше да завладее правото и правниот систем, така и бидна со чесни исклучоци. Првиот на листата беше „Бегалката“ за која и денес немаат објаснување како ја бранеле. Тоа е првиот успех на оваа гарнитура. Па и голем дел од граѓаните поверуваа на таа фора. Но тука би поставил едно прашање, зарем до толку верувате дека народов е на супстанци како Павле? Затоа и го доживеавте ова фијаско, а и самите сте свесни дека кратко ќе трае ова лудило. „Бегалката“ замина, но батко Мијалче ја смени страната, а богами донесе осум затвореници и им даде имунитет, а пак на Заев двотретиското мнозинство за да прави и да менува што сака. Дупла победа! А за народот што чекаше правна држава? Е ќе си почека. Во целата ситуација самарот го крка и тоа дебело, а пак магарето си најде нов стопан. Да живее правдата и правната држава!

Трето (вака можеме до 101 и назад, но во некоја наредна прилика) нели имаше криминална власт и како главна алка и адут тука беа Ахмети и неговите четириесет разбојници. На црниот дваесет и седми април, Артан Груби, се гушкаше со синот на Мијалков, додека вас ве каменуваа и тоа остана енигма. Во СЈО за ДУИ како воздржани ми стојат или што би се рекло оправдано отсутни, а сите добро слушнавме од „бомбите“ каков удел имаше ДУИ во целата сапуница, но и тоа да ти било небитно. Сите добро се сеќаваме како Заев ги нарекуваше и како им спремаше келии во шутка, но уште недојден им се поклони и им даде бланко чек. Како беше тоа двојазичност на цела територија е невозможно, но стана возможно како што милуваат приврзаниците на Заев, а впрочем и самиот тој го потврди тоа дека било морално за да падне режимот. Но и тоа не беше доволно сега Претседателов ќе ги правел рамноправни, а што тоа они немаат па уште да им дадете? Што ли остана за давање? Човек стварно треба да се запраша што недостасува? Како тргна работава македонскиот народ ќе стане второстепен. Уште еден чесен збор на премиерот!
Чесен и пречесен, Премиере, најавената „метла” тешко дека ќе можеш да ја спроведеш, а рака на срце не верувам во твојот чесен збор, но ако се надминеш себеси ќе треба на позајмница да побараш кадар од Мицко. Таму има комуњари колку ти душа сака, а од коалицијата ќе ти останат Самка и Амди како главни адути и се надевам ќе ги искористиш паметно. Со среќа!

П.С Има само еден човек во СДСМ кој може да направи мала промена и да го ублажи падот на Зоран Заев, а тоа е Мухамед Зекири, впрочем тој е едниствениот кој му се спротиставува на ДУИ.

Автор: Даниел Јорданоски