Иљче војвода возвраќа на ударот

//

Пишува: Маузер

После францускиот предлог кој го фати целото македонско раководство со спуштени гаќи и го удри како гром од ведро него се јавија и четниците од равногорскиот покрет ДМПНЕ –Ваљево. На бугарските барања тие сакаат да се спротистават со свои спротивни тези. Тактиката е дека за се ќе бараат quid pro quo и дека на бугарските историски тврдења ќе одговорат со свои. Малку забораваат дека Бугарија е таа што ги држи сите карти и се зависи од нејзината добра волја, но ете како ментална вежба да решиме да ги разгледаме нивните контра-тези. Со такви пред некој период излезе еден од поактивните ваљевчани на социјалните мрежи, велешкиот „војвода“ Илија Димовски. Неговите 19 точки како стандард за македонистите се полни со неточни тврдења, извадени работи од контекст и се ослонуваат на популарните митови и заблуди кои ги има македонското општество кога станува збор за Бугарија и нејзината историја. Затоа мислам дека ова е добра прилика некој да одговори на тие небулози и да остане запишано некаде како лесен одговор кога некој ќе се повика на некоја од глупостите на Илчо.

Неговите точки може да се најдат на следниот линк.

1. На кој јазик зборувале Бугарите кога дошле на Балканот?

2. Како тоа вашиот јазик го нарекувате бугарски кога тој не е тоа, има словенски корен и потекло, а не бугарски? (Има само 10 бугарски зборови во вашиот јазик)

3. Дали вашето прво царство е словенско или бугарско?

4. Дали културолошки и цивилизациски сте со потекло Словени, Траки, Мизи или Бугари? (Сите четири многу различни едни од други)

5. Дали вашето второ царство е словенско или влашко?

6. Дали вашите преродбеници зборуваа дека сте наследници на Александар Македонски? (Паисиј Хиландарски на пример)

7. Дали до 1850 година во поголем дел од Бугарија населението се пишувало за грчко, а на северо-западот за српско? (Видете ги турските пописи)

8. Дали вашата револуционерна организација е воспоставена на територија на Романија и Србија? (Е таму е, а не во Бугарија)

9. Дали вашиот народен херој Георги Раковски имал и српско и грчко име и презиме и себеспознавање? (Поповиќ на пример, како што е роден)

10. Зошто Бугарија не даде помош на Кресненското, Разловечкото и Илинденското востание? (Вашата армија не се интересираше, а нели викате дека сме еден народ)

11. Дали Бугарија го потпиша Букурешкиот договор за распаѓање и поделба на Македонија?

12. Дали ги предадовте најголемиот дел од Македонците на владеење на Грција и Србија?

13. Дали во ПСВ вашата армија употребуваше неконвенционално оружје бомбардирајќи ја Битола?

14. Дали и зошто Ополчението во ПСВ во тек на војната го пративте да војува на Тракија, а не во Македонија?

15. Дали во вашиот Парламент уште пред ВСВ има дебати, дискусии и признанија за посебноста и засебноста на македонскиот народ и јазик?

16. Дали во Македонија имаше отпор и војна помеѓу Македонците, предводени од партизанските одреди кои носеа имиња на илинденците, од една страна и бугарската армија од другата страна?

17. Зошто во Бугарија се пеат македонски песни, а во Македонија никогаш не се пееле песни за Ботев, Левски, Раковски, Стефан Караџа, за Русе, Видин, Габрово?

18. Зошто во нашиот фолклор и преданија никогаш ги немало Аспарух, Асен, Ботев или Левски?

19. Дали во историјата во последните 10 века има записи за населување на Бугари во Македонија или па сосема обратно има населување на Македонците во Бугарија?

Првите 4 точки се типични за македонистите кои голема мака мачат изгледа да разликуваат помеѓу денешните Бугари како словенски етно-лингвистички народ и прабугарите од кои потекнува името Бугарин за чие потекло има повеќе тези. Никако не може да им биде сфатлив процесот кој што е доста чест во средниот век каде што една помала и понапредна група завладува над поголема и помалку организирана и културолошки и јазично се претопува во нејзе, но нивната држава го задржува името.



Така денес Французите се народ кој припаѓа на романската/латинска група на народи, но се државата на Франките според кои го имаат добиено името се Гермаски племиња,а генетски веројатно се во најголем дел потомци на Галите (Келти). Ако приказната на Бугарите им создава конфузија, можам да замислам какво разнесување на мозокот би им била генезата на денешните Руси. Во нивниот случај изворните Рус народи се скандинавци кои по сличен начин како и другите примери се претопуваат со локалните Словени и Балти и го формираат Киевскиот Рус. Рус/Русин станува името за сите народи кај источните Словени, а денешната Русија и етничките Руси се наследници на големото Московско кнежевство кое пак е наследник на Владимирско-суздаљско Кнежевство кое го создава Киевскиот Рус. Московитите дури својот почеток го имаат како вазали на Монголите од кого ќе ги превземат дел од своите државотворни традиции. Во предод во таа цела каша попара, оригиналните Руси се Скандинавци, од кои се формира Киевскиот Рус чии потомци во јадрото се денес Украинци и Белоруси во најголем дел. Денешните пак етнички Руси се наследици тек на едно од рабните вазални кнежевствата кои се дел од Киевскиот Рус. Да ти прсне мозокот. Но нејсе, дај да видиме што вели Илија за Бугарите,а веројатно ги буни и Македонците.

1. На кој јазик зборувале Бугарите кога дошле на Балканот?

Прабугарски. Затоа во историјата постојат термини Прабугари или Протобугари и Бугари за да се прави дистинкција помеѓу тие групи.

2. Како тоа вашиот јазик го нарекувате бугарски кога тој не е тоа, има словенски корен и потекло, а не бугарски? (Има само 10 бугарски зборови во вашиот јазик)

Така што словените во таа Бугарска држава го превземаат етнонимот Бугарин и нивниот јазик станува бугарски. Тој јазик што е изумрен и оставил само десетина зборови се нарекува прабугарски.

3. Дали вашето прво царство е словенско или бугарско?

Прочитај погоре во претходниот реферат. Со прифаќањето на христијанството и раширувањето на словенската култура и словенскиот јазик како лингва франка тоа царство е веќе словенско.

4. Дали културолошки и цивилизациски сте со потекло Словени, Траки, Мизи или Бугари? (Сите четири многу различни едни од други)

Веќе објаснето, точниот „состав“ и проценти се нејсни и варираат на локлано ниво, но денешните Бугари се мешавина од сите горенаведени групи. Замисли каков шок, мешање на народи и цивилизации. Такво нешто никогаш не се случило во историјата.

5. Дали вашето второ царство е словенско или влашко?

И двете…..веќе е формиран словенскиот бугарски етнос кој под водство на локални влашки владетели ја реставрира својата држава.

6. Дали вашите преродбеници зборуваа дека сте наследници на Александар Македонски? (Паисиј Хиландарски на пример)

Повели Илија, целата Историја-Славјаноблгарска и најди каде Паисиј вели дека е наследник на Александар или го спомнува воопшто.

Можам да претпоставам на кого се реферира Илчо, но едно спомнување не значи ништо, ниту пак повикувањето на Александар Македонски било некаква одлика на бугарската преродба.

7. Дали до 1850 година во поголем дел од Бугарија населението се пишувало за грчко, а на северо-западот за српско? (Видете ги турските пописи)

Неточно, не знам само од каде ги вади овие работи. Населението во најголем дел е неписмено, а се води жестока борба за воспоставување на бугарска црква и бугарски училишта и во Македонија и во Тракија и во Мизија подеднакво. Гркоманија имало, затоа е појавата на националната преродба како отпор кон Хеленизацијата, но масовни грчења и изјаснувања на грчка, уште пак повеќе српска народност нема.

8. Дали вашата револуционерна организација е воспоставена на територија на Романија и Србија? (Е таму е, а не во Бугарија)

Романија, не Србија. Во Србија има две бугарски легии една во 1862 и уште една во 1867-1868 г. Во тие бугарски легии освен Раковски, Васил Левски и легендарните бугарски војводи како Хаџи Димитар, Стефан Караџа, Филип Тотју и др. Таму меѓу поистакнатите членови се и легендарниот ајдутин дедо Илјо Малешевски, Христо Николов-Македончето, Георги Левков од Велес… и др.
Инаку што e спорно дека основачите на ВРО се дел од бугарската емиграција во Букурешт каде што имаат слобода за делување?

9. Дали вашиот народен херој Георги Раковски имал и српско и грчко име и презиме и себеспознавање? (Поповиќ на пример, како што е роден)


Повторно велешанецот покажува основно непознавање на некои работи. Во Бугарија меѓу Бугарите во тој период има презимиња на –ич како што има во сите словенски народ. Стандардизацијата на ев/ов е направена покасно.

Сега за сега ќе застанам до точка 9 на глупостите на Илија бидејќи останатите ја допираат и македонската историја и ќе ги разглобам во дел 2. Во секој случај намерата на пишаното е јасна. Се сака да се стави некаков знак на равенство помеѓу наводните лутања на некои од бугарските дејци и јасно пројавената бугарска свест на македонските. Исто така сака да се стави во прашање потеклото на Бугарите и карактерот на средновековните држави за да се релативизира очигледниот фалсификат на македонската средовековна историја. Логиката е Бугарин не значи Бугарин, a целта е дефокусирање од пројавената бугарска свест на населението и и револуционерите и некакво божемно ставање на Бугарите во дефанзива тие да мора да го правдаат својот идентитет.

Претходна статија

Захариева: Ја чекаме одлуката на Скопје

Следна статија

Српски свет- смоквиниот лист на српскиот шовинизам и соништата за голема Србија

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот