ПСЖ МУ ПОНУДИ НОВ ДОГОВОР НА МБАПЕ: ФУДБАЛЕРОТ НЕ Е ВООДУШЕВЕН

ПСЖ и Килијан Мбапе започнале преговори за нов договор, пишува „Лекип“. Актуелниот договор на Французинот му истекува во јуни 2022 година, но „светците“ сакаат да го „врзат“ фудбалерот најмалку до 2024 година.

Според францускиот вениск, менаџерскиот тим на Мбапе не е убеден дека ПСЖ е идеалниот клуб за развој на фудбалерот. Интересот од Реал Мадрид сигурно ќе има влијание во преговорите помеѓу двете страни.

Барем засега со првичните разговори темата не се парите и бонусите, туку дали фудбалерот ја гледа својата иднина во Париз или на друго место. Мбапе наскоро ќе наполни 21 година, а веќе се промовираше како еден од најдобрите фудбалери во светот.

Доколку реши да потпише нов договор со „светците“ тој сигурно ќе биде еден од најплатените фудбалери во светот, но веројатно истото може да му го понуди и Реал Мадрид. Кралскиот дрес е вообичаена дестинација на сите големи фудбалери, кои сакаат да освојат титула во Лигата на шампионите.

Покрај голема плата, Мбапе сака да освои трофеј во Лигата на шампионите, а барем засега на ПСЖ во ова натпреварување и не му оди баш најдобро.

Извор: Спорт1



Слични Објави