Публицистот и општественик Владимир Перев со честитка до Јубилејната конвенција на МПО во САД и Канада
Публицистот и општественик Владимир Перев испрати честитка до Јубилејната конвенција на Македонската патриотическа организација (МПО) во САД и Канада. Конвенцијата по повод 100-годишнината на најстарата организација на македонските Бугари ќе се одржи на 3, 4 и 5 септември во Форт Вејн Индијана, САД.
Ви ја пренесуваме во целост честитката на Владимир Перев.
ОД
Владимир Перев
Скопје, Северна Македонија
1. Септември 2022 година
ДО
ЈУБИЛЕЈНАТА КОНВЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПАТРИОТИЧЕСКА ОРГАНИЗАЦИЈА за САД и КАНАДА
ФОРТ ВЕЈН, ИНДИЈАНА, САД
„Почитувани,
Чест и гордост ми е да ја поздравам најстарата организација на македонските бугари во Америка и во светот воопшто и да Ви го честиттам стогодишниот јубилеј.
Македонската патриотическа организација цели СТО години го носеше факелот на слободниот дух на македонските бугари, неизгаснатиот факел кој ја симболизираше борбата за слобода на бугарите во Македонија и на сите други жители на Македонија, ја симболизираше вечната желба на македонскиот народ за слободна, самостојна и независима Македонија, демократска држава на народите кои живеат во неа.
Сто години МПО го негуваше пламенот на слободата зачнат од Илинденско – Преображенското востание, за во периодот по Првата светска војана и за време на владеењето на титовизмот, да биде идејата водилка за “Македонија- Швајцарија на Балканите“ и неизгасивата борба на Иван Михајлов и михајловстите во Македонија и светот, за подобра иднина.
Ви честитам на признанието-плакетата “Св.Св. Кирил и Методиј“ доделена от председателот на Бугарија Румен Радев, како највисоко признание на вашата и нашата борба за слобода.
Горд сум и почестен што бев Ваш гостин на повеќе Конвенции и вечно благодарен на мојот пријател Георги Лебамов, кој ме внесе во светот на вистинската слобода“.
Примете ги моите искрени честитки,
Владимир Перев