| |

ВМРО-ДПМНЕ: СРАМОТА Е ТЕРОРИСТИ ОД ИСИС ДА ДОБИЈАТ ПОМАЛИ КАЗНИ ЗАТВОР ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ

„Срамен е фактот што повратниците од војните на Блискиот Исток, терористи кои се бореле на страната на ИСИЛ, кои егзекутирале луѓе на идеолошка основа, добија затворски казни од 6 години, три пати помали казни од оние кои им беа изречени на полициските службеници во политички монтираниот случај 27-ми април.

Припадниците на ИСИЛ добија помали казни од патриотите и припадниците на македонските безбедносни сили кои животот го посветиле во одбрана на Република Македонија кои добија 211 години затвор и беа прогласени за терористи“- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека:

„Политичките затвореници не се одлика на една демократска држава, аспирант за членство во ЕУ. Македонија е единствена држава во демократска Европа која има политички затвореници во своите затвори“.



Слични Објави