ПУДИНГ ДЕСЕРТ СО ЧОКОЛАДО

Потребно e:

1 кесичка пудинг од ванила

500 мл млеко

3 лажици шеќер

8 парчиња плазма бисквити

50 гр чоколадо

2 лажици млеко

Подготовка:

Пудингот во прав изматете го во 100 мл млеко. Ставете го шеќерот во 400 мл млеко, загрејте го (но не и да зоврие) и варете го пудингот, мешајќи да се згусне. Сипете од пудингот во калапите. Искршете ги плазма бисквитите,  по две плазми ставете  во секој калап, и потоа досипете со пудингот.

Добро изладете, превртете на чинија и полијте со чоколадо, стопено со млеко. Уживајте во вкусот!

Слични Објави