|

Пукање во училиште во Германија, има повредени

Најмалку еден ученик е повреден во пукање во училиште во германскиот град Офенбург.

Осомничениот за пукањето е уапсен, а на терен се голем број полицајци, пишува „Билд“.

„Осомничениот е уапсен во рамките на голема акција во училиште во Офенбург. Станува збор за младо лице“, соопшти полицијата.

Ученик е осомничен дека со огнено оружје ранил соученик.

Над училиштето кружат четири хеликоптери.

„Учениците во моментот се во училниците заради нивна безбедност“, соопшти полицијата.

Според медиумите, еден ученик е повреден, а станува збор за специјално училиште за деца со тешкотии во учењето.

Слични Објави