| |

ПУТИН: ПОСТОИ НАДВОРЕШЕН ПРИТИСОК ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека обидите на САД и неколку други западни земји да ја консолидираат својата доминација на Балканот остануваат сериозен дестабилизирaчки фактор во регионот. Тој ова го изјави во интервју за белградските весници „Политика“ и „Вечерне новости“ пред неговата посета на Србија.

Смета дека Македонија, слично како и Црна Гора, насилно се вовлекува во Алијансата, спротивно на волјата на голем дел од населението. Според Путин, во 2017 година, спротивно на мислењето на половина од населението, Црна Гора беше внесена во НАТО.

„Минатата година Македонија беше присилно вклучена во НАТО, со започнување на процесот на уставните измени. Во исто време волјата на македонскиот народ беше игнорирана. Референдумот за промена на името не успеа, но продолжи меѓународниот притисок“, изјави Путин.

„Наша земја, знаејќи колку е комплициран Балканот и историјата на тој регион, секогаш го сметала за простор за конструктивна соработка. И денес Русија, овде има многу пријатели, меѓу кои посебно место завзема стратешкиот партнер Србија. Затоа, помош во јакнењето на регионалната безбедност и стабилност е наш безусловен приоритет, изјави Путин.“

Слични Објави