МАКЕДОНЕЦ ПОЧИНАЛ ОД ИНФАРКТ ВО БЛИЗИНАТА НА БАНСКО
54-годишниот Македонец Панче Костов, вчера починал на паркинг на ски-патеката Кулиното, која се наоѓа во близината на Банско и Разлог, пренесува порталот „Струма“.
Медицинска екипа дошла на лице место и само констатирала смрт. Според најблиските, тој во минатото имал срцеви проблеми. Телото е предадено на обдукција за да биде откриена причината за смртта.
