РАБОТНИЦИТЕ ДА НЕ ПОТПИШУВААТ СПОГОДБЕН ОТКАЗ ОД РАБОТА ЗА ДА МОЖАТ ДА КОРИСТАТ ПАРИЧНА ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ

//

Работниците не треба да прифаќаат какво било условување од работодавачите поврзано со исплата на плата. Со вториот сет мерки за справување со економските последици на кризата предизвикана од коронавирусот, предвидена е директната помош од 14.500 денари за месеците април и мај, за исплата на вработените во фирмите погодени од кризата. Како алтернатива на оваа мерка, компаниите можат да изберат да ја користат мерката за покривање на 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени, порачуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар посочува дека во случај кога газдата ги условува работниците дека ќе им ја исплати утврдената плата за април и мај ако потпишат спогодбен отказ, тие треба тоа да го пријават во Државен пазарен инспекторат.

Од аспект на заштита на работниците, многу е важно работниците да не потпишуваат спогодбен отказ од работа, бидејќи во тој случај на лицето не му следува паричен надоместок преку Агенцијата за вработување. Затоа, на работодавачите им се препорачува, во овој период, доколку немаат друга можност и се принудени да го отпуштат работникот, тоа нека го направат со негово прогласување за технолошки вишок.

Бајрактар додава дека секое лице кое не е работи, доколку сака да биде евидентирано како невработено лице, треба да се пријави во Агенцијата за вработување, односно во центарот за вработување според местото на живеење. Невработените лица, кои согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност ќе се стекнат со право на паричен надоместок, остваруваат и право на здравствена заштита, а останатите невработени лица за остварување право на здравствена заштита треба да се обратат до Фондот за здравствено осигурување.

Граѓаните кои останале без работа имаат право на паричен надоместок во висина од 50 проценти од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци, доколку претходно биле во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. Граѓаните треба да го поднесат барањето до Центарот за вработување во местото каде живеат.

За оние работници што останале без работа, а немаат стаж од девет месеци или биле дел од неформалната економија, за нивните домаќинство е предвидена гарантирана минимална помош (ГМП). Со новата уредба со законска сила, за добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци.



Кога станува збор за платеното отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години или активно четврто одделение, постапката се регулира со потврда дека детето редовно посетува градинката или училиште и лична писмена изјава на родителот дека тој ќе се грижи за детето. Освен лична писмена изјава која родителите треба да ја достават до секторите за човечки ресурси во компаниите каде работат, по завршувањето на времените мерки треба да доставите и потврда издадена од градинките/училиштата соодветно за периодите кој родителот ја користел мерката. Родителите можат и наизменично да ја користат мерката за ослободување од работа на еден родител на дете до 10 годишна возраст.

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ смета дека оваа мерка се имплементира без посебни потешкотии и во јавниот и во приватниот сектор, а секаде каде има прекршување упатуваме работниците да се обратат до Државниот инспекторат за трудот.

За мајките чие породилно отсуство истекува од 18 март, Владата донесе мерка за пролонгирање на платеното отсуство од работа, се до истекот на траење на времените мерки. Продолжувањето на породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Со Уредба од Владата, лицата што се опфатени со мерките од Ковид-19 неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 наместо до крајот на јуни, поради вонредната состојба, треба да се искористи до крајот на мај 2020, а првиот дел, односно две едноподруго работни недели, од овогодишниот одмор, да го земат до 30 јуни 2020 година. Лица опфатени со овие мерки се бремените жени, хроничните болни и родители со деца до 10 години, кои не можат да вршат работа од дома.

Претходна статија

СЕВЕРНА КОРЕЈА ТВРДИ ДЕКА НЕМА КОРОНАВИРУС, НО ВОВЕДУВА ПОСТРОГИ МЕРКИ

Следна статија

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ И ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи