Радев (БНБ): Дисциплината, подготовката и довербата клучни за прифаќањето на еврото во Бугарија
Дисциплината, подготовката и довербата се трите фактори што придонесоа за успешното прифаќање на еврото во Бугарија, изјави гувернерот на Бугарска народна банка, Димитар Радев, на настан организиран од Атлантскиoт совет во рамките на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон, пишува бугарскиот дневен весник 24 часа.
„За Бугарија, прифаќањето на еврото не беше одлука донесена во последен момент… еврото не создава доверба – тоа ја зацврстува“, изјави Радев.
Тој посочи дека валутниот борд, кој функционирал речиси 30 години, придонел за дисциплина во монетарната и фискалната политика, што резултирало со едно од најниските нивоа на јавен долг во Европа.
Според него, подготовките биле поддржани и од учеството во механизмот ERM II и Банкарскиот сојуз на ЕУ. „Ова ни помогна да ги усогласиме политиките, да изградиме капацитет и да ја зајакнеме довербата“, додаде тој.
Радев истакна дека довербата на јавноста е клучна за процесот, нагласувајќи ја важноста на транспарентноста и ограниченото влијание врз инфлацијата.
