| |

Радев: Бугарија е првата земја која реагираше по катастрофата во Турција

Бугарија е првата земја која реагираше на катастрофата во Турција. Ова го изјави претседателот Румен Радев на форумот „The World Ahead 2023“. Од политичката одлука донесена рано утринава до полетувањето на двата авиони „Спартан“ поминаа четири и пол часа, рече Радев. Според неговите зборови, тоа значи дека Бугарија има подготвени тимови и луѓе кои ќе се соберат како спасувачи и медицински професионалци.

Овие луѓе треба да имаат опрема – совремемена, одржувана, модерна. Треба да имаме превозни средства, модерни авиони, со кои тоа може да се направи и се разбира да имаме обучени пилоти и екипажи. Да имаме добро изграден и функционален хиерархиски систем на државната администрација, појасни шефот на државата. Румен Радев изрази сочувство до народите на Турција и Сирија.

Според него, потребна ни е силна економија не само за да живееме добро денес и утре, туку за во вакви „моменти на голема несреќа, криза и катастрофа да можеме да си помагаме“.

Според претседателот, Бугарија има отворена, приспособлива и флексибилна економија со голем потенцијал. Нашата земја на многу ефикасен начин реагираше прва, рече претседателот и истакна дека двата авиони „Спартан“ веќе се вратиле во Бугарија и се подготвуваат повторно да полетаат со други екипи. Замина и копнениот ешалон – над 20 автомобили и над 60 луѓе, дополни Румен Радев.



Слични Објави