Радев денеска ќе ја напушти претседателската институција
Од администрацијата на „Дондуков“ 2 соопштија дека бугарскиот претседател во оставка Румен Радев ќе ја напушти претседателската институција денеска во 16.00 часот, пренесува БГНЕС. На 19 јануари тој го одржа своето последно обраќање до бугарскиот народ, во кое објави дека поднесува оставка од функцијата.
Румен Радев ќе биде испратен од парадниот влез на институцијата од потпретседателката Илијана Јотова, која по изјаснувањето на Уставниот суд ќе ја преземе функцијата.
Уставниот суд ќе ја одржи седницата на која ќе донесе одлука денеска во 10 часот наутро.
