|

Радев ги почна консултациите за формирање на новата бугарска Влада

Бугарскиот претседател, Румен Радев, на почетокот на консултациите со партијата што победи на парламентарните избори „Има таков народ“ ја поздравува нивната одлука за отворање дијалог со другите партии.

„Нашата земја се соочува со низа предизвици, бугарскиот парламент и владата треба да се формираат, треба да се решат важни задачи, да продолжи процесот на зајакнување на државноста, да се обезбеди стабилна предвидлива правна рамка за бизнисот, инвеститори за важни социјални прашања, за решавање на итните проблеми поврзани со длабоките реформи во судството, за ажурирање на буџетот.

Сите чекаат“, ова го изјави претседателот Румен Радев за време на консултациите со ИТН, јавува БГНЕС.

„Растат барањата, ЕК веќе постави јасни услови за согласување за Планот за обновување и одржливост, на кој тие инсистираат и го поврзуваат планот со длабоките реформи во судството. Формулата е јасна – средства против реформите“, додаде претседателот.

„Ви честитам за поинаквиот пристап кон формирање влада“,
нагласи Радев.

„Нека тезата одење на предвремени избори да ја оставиме во втор план. Нека се исцрпат сите опции“, додаде тој.

Од своја страна, Тошко Јорданов од ИТН рече дека разбираат дека тоа е нивна одговорност како победници.

Заменик претседателот на „Има таков народ“, Ташко Јорданов, изјави дека неговата партија ќе предложи влада.

„Сите сфаќаме дека наша е одговорноста како победници на парламентарните избори. Претседателот Трифонов веднаш, следниот ден по изборите, рече дека сме свесни за оваа одговорност и ќе ја преземеме со јасна свест за тоа што се бара од нас. Свесни сме дека ние мора да се обидеме да направиме кабинет и Националното собрание да работи“, рече Јорданов.

Тој изрази надеж дека доколку политичките субјекти надминат некои свои партиски интереси и делови од програмите, што не се во согласност со оние на другите, тие ќе можат да формираат доволно стабилно парламентарно мнозинство за да ја изберат новата влада на Бугарија.

Слични Објави